Одморот на Стипе Миочиќ е при крај и актуелниот шампион во тешка категорија и се враќа на тренинзите за да ја дочека подготвен борбата со идниот предизвикувач кој УФЦ допрва треба да му го одреди.
Да потсетиме, Стипе заслужениот одмор од напорната 2016 година го користи за да со неговата сопруга Мари Рајан замине на меден месец во мексиканското летувалиште Лос Кабос, а враќањето од него го најави преку официјалниот Фејсбук профил.
„На пат кон дома од Кабос. Човеку, не можам дочекам да им се вратам на моите кучиња и мојата сала“, напиша Миочиќ, а со пораката приложи видео со компилација на убиствени високи удари т.н. хај кикови кои се дело на неговиот пријател Мирко Филиповиќ.