Стипе Миочиќ вели дека Даниел Кормиер го победил во првиот меч благодарение на среќата.
Минатото лето ДК го нокаутира американскиот Хрват во првата рунда и го му го одзеде појасот во неговата четвртаодбрана на титулата во тешка категорија на УФЦ.
-Како би ја опишале првата борба за оние кои не ја гледале? (TC: 4: 38)
„Добро одеше. Тој ја доби на лотарија“.
-Што одеше добро?
„Набивав темпо, се движев каде што сакав, работев во клинч, сè одеше добро. Го фрлив на подот, го соборив. Се боревме и само го фрлив. Не знам, чудно. Се чувствував добро. Кога го добив прстот во око, тоа малку ме поремети и ме погоди со десен оверхенд. Понекогаш и тоа се случува“.
„Само го фрли десниот оверхенд додека се извлекуваше од клинч. Му го видовте изразот на лицето по борбата. И тој беше изненаден“, рече Миочиќ за ЕСПН.
Реваншот ќе се одржи на 17 август на УФЦ 241 во Анахајм.