Стипе Миочиќ на УФЦ 226 во Лас Вегас во четвртата одбрана ја загуби титулата во тешка категорија.
Пожарникарот му честиташе на Даниел Кормиер на победата и планира, како и што најави пред борбата, да направи пауза поради за раѓање на детето.
„Тоа не беше моја вечер. Рундата добро почна, но ова е тешка категорија. Беше потежок од мене, ме погоди со десницата, ме прати на грб и ме доврши“.
„Чувствував дека сум посилен од него. Слушнете, правев што сакав, а потоа почна добро да погаѓа. Ги примив тие удари со десницата, не мислев дека ќе болат, но се чини дека не го чувствував тоа и затоа завршив на грбот. Што да се прави? Како и што реков, секоја чест на ДК. Добро за него. Првак е во две категории“.
На прашањето за враќање на борилиштето рече: „Се разбира дека ќе успорам кога ќе ми се роди ќерката. Ќе седнам, ќе разговарам со тренерите,малку ќе уживам во сирење, вино и месо. Вообичаено. Ќе смислиме нешто. Кога добро ќе се одморам во текот на летото ќе вратам борбениот дух. Ќе се напијам неколку пива на патот за дома и ќе уживам во остатокот од неделата. Во сабота се вратаќам на работа“.
https://www.facebook.com/ufceurope/videos/1755517334484209/
.