Стипе Миочиќ првата одбрана на шампионската титула во тешка категорија ќе ја има во неговиот Кливленд.
На10 септември на УФЦ 203 американско-хрватскиот тешкаш ќе се сретне со Алистер Оверем.
Холанѓанецот (36 г.) е во серија од четири победи по ред и очекувано ја доби борбата за титулата. Миочиќ го освои појасот на 14 мај со нокаут во првата рунда против Фабрицио Вердум на стадионот во Куритиба, пред 45.000 гледачи.
Рем имаше закажано борба за појасот на УФЦ и 2012 година против Жуниор дош Сантош, но падна на допинг-тестот.