Откако го нокаутира Андреј Арловски за помалку од 1 минута, Стипе Миочиќ рече дека е подготвен да се бори против шампионот во тешка категорија, прашувајќи ги сопствениците на УФЦ дали се подготвени да му го дадат заслуженото.
„Кој може да му рече не“, одговори на Дана Вајт за време на прес-конференцијата по мечот.
„Тој беше жесток. Немаше како да те одбијам. Ќе ти го дадеме заслуженото, Стипе“, нагласи Вајт.
Се очекува Стипе Миочиќ да се бори со победникот од средбата меѓу Фабрицио Вердум и Каин Веласкез, кои ќе се сретнат на 6 февруари на УФЦ 196.