Андреј Арловски е поранешен шампион на УФЦ и има шест последователни победи, но за Стипе Миочиќ е борец кој е на патот кон титулата.
Миочиќ кој во мај славеше со нокаут над Марк Хант, го сподели неговото мислење пред средбата со Арловски на 2 јануари на УФЦ 195.
„Арловски е во добра серија на победи и се бори со најдобрите во светот. Поранешниот шампион е цврст борец. Одамна е во спортот, има добри достигнувања, но е само уште еден борец кој се испречува на мојот пат и ќе биде нокаутриран“.