Минотауро отпадна за средбата со Илир Латифи

Илир Латифи веќе се подготвува за нов противник за УФЦ Фајт најт 112.

Причина за тоа е повредата на Антонио Родриго Ножуеира.

Тие требаше да се борат на 25 јуни, но Бразилецот се здобил со повреда во пределот на вратот. Повредата стана факт по спроведениот тејкдаун.

Не се знае кога би можел да ги обнови тренинзите. Сигурно Ноуеира нема да учествува на настанот на крајот на следниот месец.

Латифи предложи да се сретне со Кореи Андерсон, кој последен пат беше поразен од Џими Манува.

Останува да видиме дали Кореи ќе го прифати предлогот на Латифи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON