Поранешниот шампион во тешка категорија на Белатор, Витали Минаков, смета дека Федор Емелијаненко е поуспешен борец од Стипе Миочиќ.
Минатиот викенд во Вегас, Миочиќ ја одбрани титултаа во тешка категорија со победа над Даниел Кормиер. Дана Вајт веднаш почна да кажува дека Миочиќ е најголем во историјата на тешкашите и го исфрли Федор Емелијаненко од споредбите.
Сепак, ова беше грешка, според Минаков, кој верува дека со тек на време Стипе ќе биде заборавен како што беше заборавен и Каин Веласкез.
„Што го прави Стипе Миочиќ подобар? Со што? Да, тој им ги зеде скалповите на добри борци. Федор во тоа време беше мегастар. Потоа им ја зеде мерката на силните борци. Но, ММА индустријата стигна толку далеку што сега многу побрзо се создава големо име. И сега, заради овие реклами, имињата на поразените борци од Миочиќ изгледаат поголеми. Ми се чини дека ова е погрешен формулар за одредување на најголемите во историјата на тешкашите. Јасно е дека тие ќе зборуваат за оние кои во моментов се на врвот.
Лично го претпочитам Федор, но не затоа што ми е сонародник. Всушност, повеќе ми се допаѓа Мирко и повеќе го следев. Но, Федор беше поуниверзален. Беше единствениот кој можеше да доминира во сите аспекти. Ако ги споредиме Федор и Миочиќ, мислам дека Емелијаненко е покомплетен борец од него. Тие се од различни времиња. Да беше до мене, би го ставил Федор на врвот на историјата на тешка категорија.
Тој е поголема личност. Би го избрал во однос на тоа каков придонес дал во развојот на боречките вештини. Секој вели дека треба да биде најголем. Сите освен оние во Америка. Емелијаненко има наследство, а Миочиќ ќе биде заборавен утре. Видовте како престанаа да зборуваат за Веласкез. Тој и Дош Сантош беа меѓу најдобрите. Сепак, денес Каин е заборавен, а за Фједор сè уште се зборува“, рече Минаков.
https://www.instagram.com/p/CD_pfGpD1wR/?utm_source=ig_embed