Милошевски избран за член на Судиската карате комисија на САД и одговорен за 12 држави

На 28 декември 2024 година Карате Федерацијата на САД (УСА Карате) објави на својата официјална страница дека во 2025 година ќе воведе структурни измени во националнaтa судискa програмa. Дел од овие промени е и назначувањето на нашиот светски познат македонски карате судија, Дејан Милошевски, како асистент на главниот судија за Регион 4 – што опфаќа 12 држави.

Според соопштението од Карате Федерацијата на САД, се истакнува дека промените во националнaтa судискa програмa се насочени кон зголемување на професионалноста и ефикасноста во судиската работа. Дел од овие промени вклучуваат нови раководни улоги и појасно дефинирање на регионалните одговорности. Визијата е да се работи на усовршување на националниот судиски систем, преку поддршка на младите судии и организација на натпревари во рамките на своите региони. Дејан Милошевски има огромно меѓународно искуство како судија на Светската карате федерација (ВКФ) и Европската карате федерација (ЕКФ) го прави идеален избор за оваа позиција, со што уште еднаш се потврдува неговата посветеност и неговиот квалитет во светот на карате спортот.

„Од самиот почеток беше навистина предизвик за мене да успеам да се вбројам меѓу најдобрите судии во САД. Неколку години навистина се посветив да бидам присутен на сите натпревари на оваа страна од светот и гордо да ја претставувам Македонија. Во 2023 бев и првиот Македонец во карате историјата на САД и Македонија да бидам член на судискиот тим во избор на националниот тим на САД, но и да бидам прогласен за македонски карате амбасадор. Предизвикат беше огромен тргнувајќи од фактот дека сум заборавен изминативе 6 години и немам никаква подршка ни признание за моите успеси од Македонската карате федерација. Успесите надвор од државата никој не може да ги избрише и ќе останат да сведочат дека со работа, посветеност и професионалност може да се успее. На крај голема благодарност до Карате федерацијата на САД за укажаната доверба и нивната континуирана поддршка“, вели Милошевски.

Со ова назначување Милошевски ја продолжува својата мисија за унапредување на каратето и афирмацијата на македонските спортски амбасадори на меѓународната сцена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО