Милјана Релјиќ утре а Дејан Георгиевски в недела настапуваат на Светското таеквондо првенство во Азербејџан

Милјана Релјиќ (-62 кг) утре ги почнува борбите на Светското првенство за сениори во Баку, Азербејџан, а олимпискиот вицешампион Дејан Георгиевски (+ 87 кг) в недела.

Релјиќ ја чека победничката од мечот меѓу таеквондиските Лилија Хужина од Русија (која настапува под закрила на ВТА) и Амбра Хе Слоп од Австралија.

Тие ќе се обдидат да изборат пласман на Олимписките игри во Париз 2024 година.

Георгиевски во моментов се седми на светската ранг-листа со 219,15 поени, на која водечки е Карлос Санорес од Мексико со 362, 71 поен. На нашиот репрезентативец му треба добар пласман за 6-то место на олимписката листа, на која првите шестмина обезбедуваат пласман ОИ. Но, потоа битни се и настапати на Гранд при Рим, Европските игри во Краков, Гранд при Париз и Манчестер. Додека Мила е 46-та, па ќе треба уште да собира поени и да оди на квалификации за Олимпијадата. Листата се затвора во декември оваа година.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON