Милјана Рељиќ со два нокаути до златниот медал на „Омега куп“ во Белград, три медала за Тигри

Милјана Рељиќ го освои златниот медал на Меѓународниот турнир „Омега куп“ Белград, Србија, а Ања Пејиќ освои сребрен, додека Тамара Младеновска бронзен. Рељиќ до златото дојде со два нокаути.

Да потсетиме дека Милјана го  освои петото место на минатоделното Европско клупско првенство по таеквондо во Солун, во јуниорска конкуренција со -68 кг.

„Мила во полуфиналната борба со високи 37-5 (технички нокаут) ја победи натпреварувачката на Таеквондо клубот Галеб од Србија, а во финалето, при резултат 24-6, со класичен нокаут совлада уште една натпреварувачка од Србија. Минатата година на овој турнир Мила освои сребрен медал, а сега малку фалеше да биде прогласена и за најдобар натпреварувач од сите категории во јуниорска конкуренција и да се врати со пехар за најдобар борец“, изјави нејзиниот тренер Александар Ефтимов.

Тој е задоволен од формата на Мила, и по минатогодишната бронза на Балканското првенство, 3 златни и 1 сребен медал на меѓународни натпревари очекува оваа година да продолжи со успешните резултати.

ТК Тигри-Скопје на овој турнир учествуваше со четвоирца натпреварувачи:

Ања Пејиќ, сребрен медал, јуниорки +68 кг А класа

Дино Рустемовиќ, јуниори – 59 кг А класа

Тамара Младеновска, бронзен медал, јуниорки – 63 кг, Б класа

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON