Милијина Рељиќ освои серебрен медал на „Талин Г1 опен“ турнирот во олимписко таеквондо.
Мила издвојува 3 победи над противнички од Финска, Германија и Норвешка, а беше поразено во финалето од натпреварувачка од Бразил.
Во првото коло Мила беше подобра од Вилхемила Хаинонен од Финска со 2-0 во рунди.
Во второто коло од Лаура Гебер од Германија со 2-1 во рунди, а во полуфиналето издвојува победа над Каролине Гјелсвик од Норвешка, исто така со 2:0 во рунди.
Во финалната борба извонредната Каролине Сантос од Бразил извојува победа 2-0 во рунди, иако во втората рунда резултатот беше 3-2.
Ова е 4 медал годинава за Мила од најсилните Г турнири од Светската лига и нови поени за олимписката ранг-листа.
Имено Мила пред 2 дена настапи на Европското првенство во олимписки категории каде беше 5-та, а многу блиску беше до медал, но и овојпат Чехињата Петра Столбова за влакно се извлече победувајќи тесно 2-1 во рунди.
Тренерот Александар Ефтимов изразува благодарност до Македонска таекводно Федерација, Агенцијата за млади и спорт, Општина Гази Баба и Македонски олимписки комитет за поддршката за кариерата и успесите на Мила.