Златниот медал e освоен со 4 победи и без изгубена рунда.
Европското клупско првенство се одржува во Тирана, Албанија.
„Во првото коло Мила беше слободна, во второ беше подобра од Италијанката Грета Тарвара. Во борбата за медал Мила беше подобра од Пољакињата Татјана Томчак исто така со 2:0 во рунди. Иако во втората рунда противничката водеше 3-10, Рељиќ направи фуриозна рунда и на крај со резултат од 11-11 беше прогласена за победник поради 5 казнени поени на противничката. Лани Мила беше поразена од Томчак. Во полуфиналето ја победивме Турчинката Сервел Чакал, од која, исто така, во минатото имаме два порази. Во финалето Мила ја победи Јулија Шпак од Полска, натпреварувачка која редовно освојува Г1 медали. Ова се 10 нови поени за Мила на олимписката и светската ранг-листа. Извонредната форма на Мила продолжува до нови успеси“, вели тренерот Александар Ефтимов!
Резултати:
Милијана Рељиќ – Грета Тарвара (Италија) 2-0
Милијана Рељиќ – Татјана Томчак (Полска) 2-0
Милијана Рељиќ – Сревел Томчак (Турција) 2-0
Финале
Милијана Рељиќ – Јулија Шпак (Полска) 2-0