Милан Кубин од КБК Гладијатор – Скопје е прогласен за најдобар борец во сениорска конкуренција на „ВАКО Гран при БиХ“ кој настапи во категоријата до 81 килограм во К-1 и го освои златниот медал. Златни медали освоија и Викторија Варадинова, Боби Илиоски и Дарко Најдов.
Кубин го доби финалето со прекин во третата рунда, откако тренерот на противникот ја фрли крпата во рингот.
Златениот медал Викоторија Варадинова (-65 кг, лоу кик,јуниори) од Кик бокс клубот Шампион од Скопје го освои откако противничката не и излезе на мегдан. Таа освои и сребрен медал во кик лајт.
Бобан Илиоски (-81 кг, К-1, сениори) го натера противникот да ја предаде борбата во третата рунда, бидејќи од неговите удари не можел да стои.
Дарко Најдов од Гладијатор-Скопје (-63,5 кг, постар јуниор, лоу кик) со нокаут во првата рунда.
Ipon.mk