Нашиот репрезентативец во кик бокс Милан Кубин покажа дека може да прави шапага како прославениот Жан-Клод ван Дам.
Кубин мината година го освои Бест фајтер на Светскиот куп – Бест Фајт во кик бокс во Римини, Италија, во дисциплината кик лајт во категоријата до 89 килограми. Тој е вториот Македонец што успеал да го освои овој престижен Куп, прв е Дарко Чатлески од Прилеп и тоа во лоу кик, кога Бест фајт се одржуваше во Пјаченца.
Ipon.mk/В. Д.