На Меѓународниот кик бокс турнир Балканс бест фајтерс „К-1 трофеј на Ниш“ Бобан Илиоски од КБК Шампион-Скопје е прогласен за најдобар борец на татами во кик лајт, а Милан Кубин од КБК Гладијатор – Скопје за најдобар борец во ринг-лоу кик, воедно и Балканс бест фајтерс.
КБК Шампион-Скопје по број на освоени медали на турнирот е номиниран на третото место.