Милан Ѓокиќ: Големиот балкански семинар е за човечката нота за ширење на добрата волја и позитивната енергија!

Милан Ѓокиќ е еден од карате мајсторите кој ќе го предводи „Големиот балкански карате семинар“ на 29 и 30 март во Скопје во Спортскиот центар Борис Трајковски (мала сала) со почеток од 19 часот. Вусшност, овој семинар по многу нешта е единствен, бидејќи почнува на 26 и 27 март во Ниш, Србија, потоа продолжува во Лесковац на 28 март, а на 29 и 30-ти е во Скопје, додека завршницата е во Софија на 31.

Семинарот ќе го предводат мајсторите Милан Ѓокиќ (6 дан) и Љубиша Шишкин од Србија, Зоран Пејов (5 дан) од Македонија и Тони Петров (7 дан) од Бугарија.

Сенсеи Ѓокиќ е носител на мајсторски појас 6 дан и е следбеник на Казе ха рју шотокан стилот, а неговата база е во Ниш во Карате – до клубот Ки.

Како дојде до идејата за таков голем балкански карате семинар?

Името „Голем балкански семинар“ произлезе од самата идеја на семинарот. Нашите три земји не се само учесници на семинарот, не се само три соседни земји, туку имаат многу заеднички работи. Имаме иста религија, како мнозински народи, имавме исто државно уредување, историјата ни беше заедничка; има многу мешани бракови меѓу нашите народи, а ние и Вие живеевме во иста држава. Јазиците ни се многу слични и добро се разбираме. Регионално сме поврзани и сме на кратко растојание. Имаме многу што да и понудиме на нашите луѓе, но и на себе, со многу помали инвестиции, а со очекуван квалитет.

Ова беше појдовната точка на зачетокот на нашата идеја. Голем семинар не се должи само на регионалниот простор што е под влијание на учеството на инструкторите, вежбачите и клубови кои учествуваат. Идејата за „Голем“ се рефлектира во максимата „раката што дава, секогаш е над раката што прима“ (раката што дава не се суши – македонска поговорка – н.з.). Ние инструкторите, првенствено мислам на сенсеи Зоран Пејова и на мојата маленкост (подоцна, по неколку месеци контактиравме и на наша голема радост и го вклучивме и сенсеи Петров), односно од октомври 2017 до средината на февруари 2018 година. Сите заеднички договорно работевме, а ние двајцата по многу бирање и скенирање успеавме да најдеме соработник по наша мерка. Се потрудивме и се трудиме да победиме своите суети и егото и да им пружиме рака за соработка и помирување со оние кои го сакаат тоа. Рака за соработка со сите клубови не само во каратето, туку и во други сродни боречки спортови и вештини. Бидејќи не сме стилски обоени, ниту политички, зад нас стои многу богато лично искуство и способност која сакаме да ја дадеме и понудиме на сите луѓе кои сакаат да видат, да слушнат и да научат нешто ново. Да научат дека со споделување добиваме сите и дека знаењето, способностите и вештините ни се множат и прогресивно растат. Да и подадеме рака на помирување на оние кои можеби се налутиле, кој повторно би пробале, а не им дава инаетот и гордоста, сакаат другите да иницираат, да не покажат дека тие први ја наведнале главата, пружиле рака. Е, Големиот балкански семинар е токму поради таа човечка нота за ширење на добрата волја и позитивната енергија. Бидејќи идејата и самата енергија на проектот, а и на неговите инструктори е голема, нормално е дека и сè друго е толку големо. Голем регион, Ниш-Лесковац-Скопје-Софија со голем број на учесници, клубови, тренери, тренинзи. Вистински караван на спортот, дружењето, позитивната енергија и на исто такви вибрации. Кратко речено, многу концизно: Ако не сега, кога? Ако не ние, кој? Дојде нашето време, созреавме, не смееме да дозволиме постарите да се лутат на нас дека сме мрзливи, младите да кажат дека сме биле себични.

Што треба да значи ова за карате спортови на Балканот?

Ова треба да биде иницијатор на нова балканска соработка во која за сите луѓе има место. Соработката ќе се заснова на чести и стручно-едукативни карате семинари кои ќе резултираат со обучени тренери и инструктори. Тие подоцна ќе држат подготовки на спортисти кои може да соработуваат не само на локално ниво, туку и на регионално ниво и да го покжуваат својоот напредок и да се подготвуваат за врвни професионални инструктори, одлични тренери или познати и признати спортисти. Потоа Олимпијадата во 2024 година за нас нема да биде мисловна именка. А оние кои не ги интересира спортското карате, ќе се вида едно големо пространство иедна голема длабочина и ширина на будо вештината која ќе им помогне да живеат поздраво и подобро во склад со природата и самите себе.

Што може да очекуваат посетителите од овие интензивни семинари, бидејќи тие не биле?

На нашите простории вакви семинари немало. Не можеше да се склопи екипа и добри луѓе и стручњаци кои би го надминале своето „ЈАС“ и да работат и да го делат тренингот со друг инструктор. Затоа, сите оние што ќе дојдат можат да очекуваат позитивен образец на стручно корисна соработка за сите идни слични проекти. Како што вели сенсеи Пејов – „премиерата е многу важна“. Затоа ние ништо не препуштаме на случајност и се подготвуваме за 6 месеци за овој семинар. Тој бара добра психо-физичка подготовка, студиозност и методичност во работата, за да учесниците на семинарот, нашите гости, имаат можност не само да видат, туку и да научат и да усвојат многу „ново“а старо. Инструктори долго време работат на програмата на семинарот, се договараме, еден на друг даваме простор за работа и презентација во најдобро светло се заради нашите ученици, учесници, гости. На овие тренинзи оние кои ќе дојдат да вежбаат или, можеби, да гледаат, ќе видат и ќе доживеат една вистинска енергија и посветеност која нема да ги остави рамнодушни. Ќе и бидат претставени два нови кати, прв пат демонстрирани пошироко надвор од овие простори, кои добро ќе им дојдат на тренерите во методологијата на тренинзи за исправање на досегашните грешки и усвојување на правилни принципи и положби. Вооедно, на оние што ќе ги прифатат, на овие тренинзи ќе ги освежат своите,а и клупските тренинзи и да побегнат од стереотипот на тренингот. И она најважното, во делот на семинарот за карате системот на вежбање на „каташите“ ќе и се „приближи“ борбата, а на „борците“ катата. Затоа што каратето е едно, неделиво.

Дали ова е патоказ за успехот на балканскиот карате како што некогаш беше во поранешната држава?

Да, ова е патоказ за успехот на балканското карате. Повеќе од една година соработувам со бугарски каратисти. Имавме четири видувања и дружења. Јас сум присутен во македонското карате од 1978 година како ученик на семинарите на сенсеи Казе. Многу добри контакти имав и имам со македонските каратисти Славе Пашоски, Живко Тасевски, Мирче Опелоски, Владимир Черкезов, Лазар Јорданов, Дејан Чолески, Ѓоко Томоски, семејството Недеви и многу други. Многу ми е блиску и познато тековното карате во Охрид. Гледав, уживав во прекрасните мечеви на Опелоски, Огеновски, Кичевски, Лујза Гашева… Затоа и се надевам дека сите споменати, а и оние кои се живи, да даде Бог, да може да дојдат и да бидат наши почесни гости на семинарот, за да со своето присуство дадат пример и движечка сила за враќање на старите патишта, затоа што моите учители тоа го бараат од мене. Порано сенсеи Вебо Димитријевиќ, а сега веќе подолго време сенсеите Илија и Владимир Јорга. Покрај со нив какое поддршка на нас кои многу ќе повлечеме, сите оние кои ќе застанат во редот, ќе го исфрлиме во светски висини.

Ваш домаќин е Зоран Пејов. Што мислиш за него?

Мојот домаќин е сенсеи Зоран Пејов. Што мислам за него? Имав одвразани раце за барање на соработници во Македонија и Бугарија. Веќе две години и нешто повеќе, многу добро и интензивно се дружиме и контактираме. Ја имав таа чест, така и се запознавме, за пет дена имавме 20-тина часа спаринг. Се уверив во неговите способности, неговата сила и неговото знаење. Веднаш видов дека кај него можам да најдам соработник за некои евентуалности. Поради неговата стручност, не се двоумев на првата прилика што ми се укажа, го контактирав и воедно го змалив, ако му одговара и импонира, да соработува со мене. Во последните 6 месеци, а во кои се посетувавме, запознававме и од други агли, гледам дека не само што не погрешив, туку и дека имав среќа. Ја запознав неговата организираност, студиозност, иницијативноста, тенденција кон маркетингот, а над сè тактичноста и позитивноста. Тоа во се прво гледа нешто добро, позитивно. Често ми укажуваше на тоа. Тоа ме натера да верувам дека некоја поголема сила не спои, бидејќи ништо не е случајно. Како што Ајнштајн пишувал и учел: „Случајност е онаа ситуација во која Бог сака да биде анонимен“.

Што знаете за македонското карате?

Го следам македонското карате. Соработував и соработувам со многумина. Се извинувам што не ја спомнав легендата на југословенското карате Назим Куртовиќ. Бевме заедно на подготовките на јуниорската репрезентација. Подоцна ги гледав и уживав во неговите борби. Во Србија често се среќавам со проф. Марукиќ Ахмедин. Со години соработувм со Карате клубот Јошитака од Скопје и учев од нивниот сенсеј Тасевски. Во Скопје имам многу добар куќен пријател Менсур Омерагиќ – Мече, извонреден каратист. Повеќе поради лични, интимни и професионални причини во изминатите 19 години сум во Охридбарем најмалку еден месец во годината и добро соработувам со тренерите на двата охридска клуба Чоле и Самурај. Дејан Чолески и Ѓоко Томоски ми се многу добри пријатели.

Што може да очекуваат на учесниците на семинарот?

На сите оние кои размислуваат да бидат учесници на овој семинар и порачувам: „Вашето евентуално недоаѓање е непоправлив пропуст“.

Ipon.mk/В.Д.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON