Милан Димитриески еден од инструкторите на „Семинар за пријателство 2024“

Во Спортскиот центар „Мирко Сандиќ“ во Белград на почетокот на месецот се одржа комбиниран „Семинар за пријателство 2024“ – боречки вештини: ки аикидо, uuеречи рју Окинава карате, реалnо аикидо и нан будо, а еден од инструкторите беше стружанецот Милан Димитриески, носител на мајтосрки појас 7 дан во уечи рју Окинава карате.

Димитриески работи и тренира во Белград.

Иналу, семинарот беше организиран под покровителство на Ки аикидо клубот „Мусаши“ на чело со сенсеи Горан Курник, мајстор за аикидо, 6-ти дан.

На семинарот учествуваа околу 50 вежбачи од Србија, Република Српска, Македонија, Хрватска и Русија. Семинарот го водеа следните инструктори – сенсеи Горан Курник, 6-ти дан и сенсеи Милан Јеремиќ, 6-ти дан – ки аикидо, сенсеи Лео Рафолт, 9-ти дан – нан будо, сенсеи Ана Врачаревиќ, 9-ти дан – реално аикидо и Милан Димитриески, 7-ми дан – уечи рју Окинава карате.

„Семинарот беше успешно одржан благодарение на посветеноста и енергијата на организаторите и сите учесници. Тоа беше одлична можност за усовршување и размена на искуства, техники и тактики на другите боречки вештини и негување меѓународни пријателства“, коментира Милан Димитриевски, докажан пропагатор на боречките вештини и здрав начин на живот, заснован на етичките кодекси на Далечниот исток.

На семинарот беа спроведени атрактивни демонстрации на сите споменати вештини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON