Мила Рељиќ прогласена за најдобра сениорка на „Тирана опен“, 4 медали за Тигри

Мила Рељиќ демонстрираше одлична форма на Меѓународниот таеквондо турнир „Тирана опен“ во Албанија освојувајќи го златниот медал во категоријата до 57 килограми, а воедно епрогласена и за најдобар борец кај сениорките. Инаку ТК Тигри на овој турнир освои уште два сребрени и еден бронзен медал, односно вкупно пет медали

Рељиќ славеше со три технички нокаути 22-2, 28-3 и во финалето 21-1 над.

„Мила беше доминантна на „Тирана опен“ викендов во Тирана, со што освои и пехар за најдобра сениорка. Во олимписки категорија Мила беше доминантна над своите противнички и само ја потврди својата формата“, вели тренерот Александар Ефтимов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON