Мила Рељиќ освои бронзен медал на Кроација опен

Нов успех на нашата таеквондистка Мила Рељиќ која освои бронзен медал на 26. Кроација опен од светските Г2 натпревари.

„Мила ја докажа својата форма и во нејзината категорија сениорки -62кг во конкуренција на 25 натпреварувачки заврши 3-то место. Победувајќи ги во првото коло претставничката на Србија и Хрватска во исклучително тесни борби. Во полуфиналето бевме поразени од минатогодишната европска шампионка“, вели нејзиниот тренер Александар Ефтимов.

На овој турнир имаше натпреварувачи од над 70 земји, како Канада, Бразил, Аргентина, Австралија, Јапонија, Израел, Кореа, Мали и др.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON