Мила Рељиќ ќе се бори за бронзениот медал на Европските игри во Краков, Полска.
Во борбата за бронзата ќе се бори со Алија Жадин Пауел од Велика Британија.
Рељиќ во репасажот славеше против Кристина Гаспа од Италија 2-1 (0-2, 1-2, 2-2, 3-2, 4-2, 7-2, 8-2, 9-2, 9-3, 10-3, 11-3)
Македонската таенквондистка утринава ја совлада Каролин Гјелсвик од Норвешка во првото коло со 2-0 во рунди, а попладнето е поразена од Петра Столбова од Чешка со 2-1 во рунди (на поени 0-1, 0-2, 1-2, 1-3, 2-3, 2-4, 4-4, 4-5, 6-5, 8-5, 8-7, 8-8).
Резултати 62 кг:
Мила Рељиќ – Каролин Гјелсвик (Норвешка) 2-0
Мила Рељиќ – Петра Столбова (Чешка) 1-2
Репасаж
Мила Рељиќ – Кристина Гаспа (Италија) 2-1
За бронза
Мила Рељиќ – Алија Жадин Пауел (Велика Британија)
Утре се борат Анамарија Георгиевска (-73 кг) со Ника Клепац од Хрватска и Дејан Георгиевски (+87 кг) со Матија Молин од Италија.