Репрезентативката во таеквондо Мила Рељиќ беше на спаринг-викенд во Белград, Србија, со второрангираната на светската ранг листа Надица Божаниќ.
„Нашата најуспешна јуниорка Мила Рељиќ успешно спарингуваше со сениорката Надица Божаниќ, и рамо до рамо се носеше со светската шампионка од јуниорските игри пред две години. Ваквите спаринзи се неопходни за одржување на формата на Мила, која направи историски успех во февруари оваа година, кога освои бронзен медал на Европскиот президенс куп одржан во Хелсингборг, Шведска“, вели Ефтимов и додаде:
„За време на карантинот и пандемијата, Мила остана силно мотивирана и послениве 7 месеци вежбаше два пати дневно, усовршувајќи ја формата за следните турнири“.
Тренерот на Надица, Југослав Насташиќ со доста пофални зборови за формата, техниката и кондициската спремност на Мила, истакнува тренерот на нашата репрезентативка. Југослав несебично го споделил неговото искуство и патот по кој со неговата најдобра натпреварувачка стигнаа до јуниорското светско злато, сребро од младински олимписки игри и неколку златни медали од најсилните Г1 турнири