Мек Грегор го нокаутира Пакијао во видео игра (ВИДЕО)

Фановите на видео игрите го претставија претстојниот боксерски меч меѓу легендата Мани Пакијао и ММА ѕвездата Конор Мек Грегор.

Тие го симулираа мечот со помош на Фајт најт, и изненадувачки Ирецот излезе како конечен победник. Средбата траеше 10 рунди, при што „Пак Мен“ првично доминираше во рингот. Во 9-та рунда Конор постигна силен аперкат, што го испрати 41-годишниот Филипинец на подот со нокдаун. Пакијао успеа да се врати во неговиот агол, но на почетокот на 10. рунда силните удари на Мек Грегор се покажаа невозможни за него и Ирецот победи со нокаут.

Навивачите побрзаа да го прогласат резултатот од мечот за нереален, бидејќи Пакијао е многу поискусен во боксот отколку Мек Грегор. Некои потсетија дека Конор не борел лошо против друга легенда – Флојд Мејведер Јуниор, во 2017 година, но на крајот загуби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО