Мила Рељиќ имаше одличен настап на „Белгија Г2 опен“ и на чекор до медал

Мила Рељиќ имаше одличен настап на „Белгија Г2 опен“ и повторно беше на чекор до медал.

Во прво коло ја победи Наоми Родригез од Франција со 8-3, во второто Миријам Гарсија Видал од Шпанија со 7-6, а во борбата за медал е тесно поразана со 15-14 од извонредната Гркинка Теополу Сарванаки која во 1/8 финалето ја победи актуелната европска шампионка Бруна Вулетиќ од Хрватска. Инаку Теополу минатата година беше европска вицешампионка.

Мила Рељиќ иако со само 18 години прави одлични резултати во сениорска конкуренција завршувајќи на 5-тото место од вкупно 39 натпреварувачи во нејзината категорија  до 62 кг.

Белгија Г2 е опен се одржува 41 година и е еден од најстарите и најсилните светски турнири каде учествуваат повеќе од 60 земји со повеќе од 500 сениорски натпреварувачи. На овој турнир имаше многу, олимписки и светски шампиони кои се бореа за нови бодови за светскара ранг листа.

Тренерот Ефтимов е задоволен од нагорната линија за формата и очекува медал од Европското првенство во мај месец во Британија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON