Мила Рељиќ е петта на ЕП во таеквондо за сениори во олимписки категории

Мила Рељиќ (-67 кг) беше блиску до медалот на Европско таеквондо првенство за сениори во олимписки категории во Талин, Естонија.

Чехињата Петра Столбова повторно се извлече и освои за медал, победувајќи 2-1 во рунди. Првата рунда ја диби Рељиќ 4-2, а втората за загуби 12-13. Во третата Столбова славеше со 6-3.

Така, нашата репрезентативка го освои петтото на сениорското ЕП за олимписки категории.

Претходно Мила извојува победа над Јулија Шпак од Полска со 2:0 во рунди (9-5, 4-3).

Да потсетиме дека нашата репрезентативка на Европските игри во Полска изгуби многу тесно во 1/4 финалето од Столбова.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON