Мила Рељиќ демонстрираше добра форма на Г2 турнирот во Инсбрук

Таеквондиската Мила Рељиќ уште еднаш покажа дека е во добра форма, но и недостасува мала спортска среќа.

„Мила е поразена на златен поен од бронзената олимпијка Линг Чиа Ло од Тајпеј. Мила Рељиќ ја докажа својата светска класа на Г2 турнирот во Инсбрук, Австрија, од Светската лига. Во првите две рунди водеше против бронзената олимпијка од Токио 2020 со 4-0, во третата рунда беше 6-6 и во дополнителната рунда бевме поразени на златен поен.

Со ова Мила ја докажа извонредната форма и нејзината светска класа“,  истакнува тренерот Александар Ефтимов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON