Мики Рурк на 62 години се враќа во рингот во Москва

Miki rurk

Познатиот холивудски актер Мики Рурк ќе има бокс меч во Москва на 28 ноември, соопшти промотерската компанија „Мир во боксот“.  Ривал на актерот ќе му биде 29 годишниот Американец Елиот Сејмур.

Главната борба на вечерта во Москва ќе биде меѓу поранешниот светски шампион во прва полусредна категорија на Светската боксерска организација (СБО), Руслан Проводников од Русија и Хозе Луис Кастиљо од Мексико.

Мики Рурк е професионален боксер, кој со бокс почнува да се занимава на 12 годишна возраст. Во 1991 година тој учествува на професионални боксерски натпревари, а последниот натпревар го има во 1994 година, што заврши нерешено со Американецот Шон Гибонс.

Во моментов, Мики Рурк тренира под водство на познатиот тренер Фреди Роуч, кој во претходните години беше тренер на Мајк Тајсон и на Оскар де ла Хоја. Мики Рурк на професионалниот ринг имал 8 борби, 6 победи (4 со нокаут) и 2 нерешени.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON