Мики Ивановски го совлада европскиот и светски вицешамион Томанов во Дупница на Про фајт 17

Мики Ивановски синоќа ја извојува 24 професионална победа во 34 борба на Про фајт 17 во Дупница, Бугарија, совладувајќи го европскиот и вицесветски ИТФ шампион во таеквондо кој паралелно настапува и во кик бокс Илијан Томанов во категоријата до 86 килограми.

„Ова беше мојата 34 професионална борба и 24 победа“, изјави Ивановски кој по полека се свртува кон профи-кикбоксот и додаде дека учествувал на настан најпрестижната професионална организација Про фајт. Тој обајснува дека на настаните на ова аорганизација покана добиваат најдокажаните кикбоксери.

„Може да очекувате да гледате повеќе профи мечеви од мене. Мислам дека ми беше доволно натпреварувањето во аматерска конкуренција, каде што имам 151 борба, освоени неколку балкански првенства, светски купови и сум трократен медалист од европски првенства. Во 2010 година во Азербејџан го освоив бронзениот медал во дисциплината лоу кик, а во 2013-тата во Харкив –Украина сребрениот медал во мај тај и 2014-тата бронзата во Билбао, Шпанија, во најтешката дисциплина К-1, но не одрекувам дека не би учествувал пак на Европско и Светско првенство“, вели Мики.

Ивановски истакнува дека организацијата била на највисоко ниво и се надевам оти и во нашата држава ќе се направи таква професионална организација за да може да уцествуваат кикбоксерите на настани во нашата земја.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON