Михаела Мишовска го освои сребрениот медал на ЕП во карте, Петар Заборски е петти

Михаела Мишовска го забележа најголемиот успех во кариерата освојувајќи го сребрениот медал на Европското карате првенство за сениори во Задар, Хрватска, со кој Македонија се вброи во нациите кои освоија медали на шампионатот.

Во финалето Мишовска загуби од Хрватката Ема Сгардели 0-8 (0-1, 0-3, 0-4, 0-7, 0-8). Дали под импресии од големото финале Михаела и дозволи на Ема да го наметне својот агресивен стил.

Сепак, ова е голем успех за Мишовска и за македонското карате. Успехот ќе беше поголем ако Петар Заборски се закитеше со бронза.

Заборски го освои петтоѕо место откако загуби со минимален резултат во борбата за бронзениот медал против Тијаго Дуарте од Португалија.

Имаме и две седми места на машките тимови во кумите и кати.

На ЕП настапуваат 491 каратист со 601 натпреварувачки влез од 51 држава.

Резултати на Европско првенство:

Борби, жени
-50 кг
Михаела Мишовска – Ерминија Пефето (Италија) 7-7
Михаела Мишовска – Маријами Васадѕе (Грузија) 5-4
Михаела Мишовска – Корал Амос (Израел) 2-2
Полуфинале
Михаела Мишовска – Стилијани-Елени Цилија (Грција) 4-1
Финале
Михаела Мишовска – Ема Сгардели (Хрватска) 0-8

-75 кг
Петар Заборски – Даниел Сантионеану (Романија) 2-0
Петар Заборски – Евангелос Серметакис (Грција) 2-1
Петар Заборски – Давид Подсклан (Словачка) 1-0
Полуфинале
Петар Заборски – Иван Мартинац (Хрватска) 0-3
За бронза
Петар Заборски – Тијаго Дуарте (Португалија) 1-2

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON