Уште две злата и едно сребро на контото на македонските каратисти на силниот Меѓународен турнир Карате Гран при Хрватска во Самобор, сега во јуниорска конкуренција. Јована Мицовска (Макпетрол) и Матеј Белистојаноски (Олимпик спорт) се закитија со златни медали, а Димитар Лозановски (Макпетрол) со сребро.
Вкупниот биланс на освоени медали е 11 – 3 златни, 5 сребрени и 3 бронзени.
Јована Мицовска во финалето слевеше против Невена Филипов од Србија со прв освоен поен при резултат 1-1, а Матеј Белистојаноски во второто денешно финале беше подобар од Артем Панчук (Украина) 3-0. Димитар Лозановски во борбата за златото загуби од Марио Јануци од Италија со 1-5.
Претходно медали освоија: Витомир Трајковски (-84 кг, Макпетрол) златен, Андреј Ангеловски (-84 кг, Олимпик спорт) сребрен, Сетфан Стојмиров (-67 кг, Ботони) сребрен, Стефан Стојановиќ (+84 кг, Макпетрол) сребрен , Рудина Алиу (-61, Цветан Димов) и Викторија Јовановска (-61 кг, Мапетрол) бронзени, Матеј Белистојаноски (-60 кг, Олимпик спорт) сребрен и Бојан Костов (-60 кг, Олимпик спорт) бронза.
За многу репрезентации ова е последен тест пред Европското првенство за кадети, јуниори и до 21 година кое на почетокот на февруари се одржува на Кипар.
Резултати – јуниори
-59 кг – златен
Јована Мицовска – Ирене Муртано (Италија) 1-0
Јована Мицовска – Бланка Полоњова (Словачка) 0-0
Јована Мицовска – Емануела Коцкаревиќ (Хрватска) 3-0
Јована Мицовска – Дарја Шнајдер (Хрватска) 2-0
Финале
Јована Мицовска – Невена Филипов (Србија) 1-1
-61 кг – златен
Матеј Белистојаноски – Вид Зариќ (Словенија) 6-3
Матеј Белистојаноски – Матија Настески (Хрватска) 2-0
Матеј Белистојаноски – Данило Колодижњи (Украина) 7-3
Матеј Белистојаноски – Огњен Бјелајац (Црна Гора) 3-2
Финале
Матеј Белистојаноски – Артем Панчук (Украина) 3-0
-75 кг – сребрен
Димитар Лозановски – Тео Црногај (Хрватска) 3-2
Димитар Лозановски – Фарис Синановиќ (БиХ) 4-1
Димитар Лозановски – Цене Божиќ (Словенија) 4-1
Димитар Лозановски – Тома Милета (Хрватска) 2-1
Финале
Димитар Лозановски – Марио Јануци (Италија) 1-5