Изминатиов викенд (26 и 27 март) во Лисабон Португалија се одржа меѓународен семинар за џудо тренери и судии. Семинарот беше во организација на Европската џудо федерација и техничка организација Португалска џудо федерацијс. На овој сенинар учество зедоа околу 100 стручни лица (тренери и судии) од сите европски држави.
Претставници од нашата федерација (ЏФМ) беа Мицкоски Дејан – лиценциран џудо тренер А категорија, член на стручниот совет при ЏФМ и Дан комисијата, како и Томе Јосифоски – интернационален судија Б категорија и актуелен претседател на Судиската комисија.
Овој семинар беше предводен од страна на првите луѓе и стручњаци од Европската џудо федерација (Натпреварвачката, Судиската и Комисијата за едкукација).
Истиот беше интерактивен со взаемна комуникација меѓу предавачите и присутните стручни лица со цел имплементација и детална обработка на изменетите судиски правила кои ќе важат за Олимпискиот циклус 2022-2024.
По завршувањето на Семинарот се одржа и координативен состанок меѓу челниците на Европската џудо федерација и претставниците на националните федерации од Европа, по што, покрај другото, беа овластени да извршат едукација и обука на стручните лица (судии и тренери) со цел усогласување на целиот европски и интернационален систем на функционирање во џудо спортот.