Миа Тодорова – најдобрата млада спортистка за 2019-та, се бори како лав и ветува медали во 2020-та

Миа Тодорова ќе ја памети 2019 година по двете бронзи – на Европското кик бокс првенство за деца, кадети и јуниори во Гиор – Унгарија, на кое Тодорова го освои бронзениот медал во категоријата до 60 килограми во К-1 за помлади јуниори и Светско мај тај првенство за јуниори во Анталија, Турција.

За жал на сите нас, на Тодорова во полуфиналната борба на ЕП со Гркинката Јоана Султаника и беше одземена победата со контроверзна судиска одлука, однонсо на две секунди пред крајот ја губи борбата во која храбро се бореше и за малку и избега големото финале со Вероника Сураева (Русија).

Сепак таа прикажа добра борба и дух на борец на кого може да смета боречката сцена во Македонија. Синоќа доби признание за вложениот труд во оваа година во изборот „Спортист на годината за 2019“ таа беше прогласена за најдобра млада спортистка. Претходно Град Скопје и додели плакетата и за петопласирана најуспешна јуниорка.

„Миа е девојче и иако е млада, ама се бори како лав во рингот и многу спортисти, особено  машките во нашиот спорт треба да попримат по нешто од нејзе, како би постигнале поголем успех како натпреварувачи. Уште од првиот месец, пред само три години, се истакнуваше како најнадежна од групата. Најупорна, најисполнителна и единствена, која со солзи во очите без да се откаже работеше спаринг, секогаш со многу појаки машки кои воопшто не ја штедеа како девојче. Од тие спаринзи најчесто си одеше со модрици, така што наредниот тренинг, криејќи ги модриците и солзите, повторно неуморно се пушташе во истите спаринзи и работеше напорно и без паузи, совладувајќи нови техники и комбинации. Таа нејзина пожртвуваност, упорност ја донесе до оваа форма и по овие резултати убеден сум дека наредната година на сите нас и на нашата земја ќе ни донесе злато“, вели нејзиниот тренер и селектор на репрезентацијата Дејан Митровски – Урко.

Тодорова учи во Среднто училиште за физичка култура „Методи Митевски – Брицо“ во Скопје.

„Благодарност до директорот и до сите професори кои несебично не исправаат на прав пат нас спортистите. Им благодарам на моите тренери кои работат со мене од мојот клуб Кик бокс клубот Шампион од Скопје, на Кик бокс маи таи федерацијата на Македонија за укажаната шанса и поддршка. На мојот брат кој ме повлече во овој прекрасен спорт и вештина, и на сите кои ме гласаа како добитничка за овие награди. Им ветувам на сите кои ме поддржуваат и кои веруваат во мене дека овде нема да застанам, овие награди ќе ми бидат поттик да следната година да ги потврдам и да ги дуплирам со уште поголем успех за сите кои ме поддржувате. Ќе работам и тренирам уште појако, за македонското секогаш да биде највисоко подигнато“, вели Миа Тодорова.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО