Кадетско-јуниорскиот тим на КК Металург се пласира на 5-тото место на Европското првенство за региони во Париз откако во борбата за бронзениот медал беше поразен од екипата на Војводина од Србија со 3-1.
До тој меч за бронзениот медал, во репасажот младите металурзи извојуваа две победи, најпрво против Франција 3-0 и со Италија 3-0. Инаку, нашиот тим во првото коло беше слободен, а во второто беше поразен од Турција со 2-0, но бидејќи турската екипа се пласира во финалето на Ацковски, Костиќ, Кузмановски, Несторовски, Спасеновски, Петков и Заборски и се пружи шанса да се борат за медал.
Сепак, ќе нагласиме дека нашата екипа прикажа добри борби против многу силни екипи, со малку повеќе среќа можеше да освоиме и медал.
Сениорскиот екипа на Металург го освои седмото место, бидејќи во репасажот во првиот меч беше поразена од екипата на Сибирскиот регион од Русија со 3-1. Во првата средба на ЕП Металург славеше над шпанската екипа со 3-0, додека во наредното коло беше поразена од тимот на Турција со 3-0. Поради тоа што Турците се пласираа во финалето Металург доби можност преку репасажот да се бори за висок пласман.
За нашиот тим настапуваат Груевски, Антиќ, Исмаил, Крстевски, браќата Ќосовиќ и Мехемед.
Женската екипа на Макпетрол за кадети и јуниори, во второто коло беше подобра од Чешка, победувајќи ги со 2-0, но во наредното коло изгуби со 2-0 од Војводина од Србија.
Макпетрол настапува во состав: Блажевска, Пендаровска, Костовска и Мојсовска.
ipon.mk/В.Д.