Мет Браун нокаутиран, Барбоза поразен со поделена одлука во дебито во перолесна (ВИДЕО)

Едсон Барбоза (20-9, 14-9 УФЦ) беше поразен со поделена одлука во дебито во перолесна категорија.

На настанот на УФЦ во Jексонвил загуби со поделена одлука на судиите (29-28, 28-29, 28-29) од Ден Иге (14-2, 6-1 УФЦ). Ова е негов трет последователен пораз.

Барбоза со удар со лактот и десно кроше по една минута го здрма Американецот. Потоа го нападна со граунд енд паунд, но Иге се врати на нозе по 60 секунди. Барбоза е подобар во продолжението од рундата, доминирајќи во борбата во стој.

Иге беше подобар во поголемиот дел од втората рунда комбинирајќи бокс и борење. Но, во последните секунди се впушти во неуспешен обид за рушење и заврши на грбот, а тоа Барбоза го искористи како можност да почне нов граунд енд паунд.

Бразилецот со удари лактот и колената од клинч до жицата во средината на последната рунда го повреди противникот. Потоа Иге го руши Барбоза и неколку пати на земја добро го удира.

Ова е шеста последователна победа на Иге, а претходната ја оствари во февруари, победувајќи го со поделена одлука на Мирсад Бектиќ.

Непоразениот 27-годишен Мигел Баеза (9-0, 2-0 УФЦ) со лево кроше на почетокот на втората рунда го нокаутира 12-годишниот Мет Браун (22-16, 15-10).

Во своето деби во УФЦ минатиот октомври, Баеза со технички нокаут во втората рунда го победи Мексиканецот Хектор Алдано.

Браун во мечот влезе со низа од две победи. Минатиот декември го нокаутира Бен Саундерс, а во мечот пред повредата на коленото во ноември 2017 година и Диего Санчез.

https://youtu.be/nEOaV5EjHaQ

https://youtu.be/-yqqJogwFig

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON