Мет Браун бара пет години суспензија за допингуваните борци!

matt-brown

УФЦ му објави војна на допингот, повеќе изненадувачки тестови и строги казни.

Според Мет Барун, работите треба уште повеќе да се затегнат и казната, за оние што ќе се огрешат, е да им се одземат натпреварувачките права во времетраење од пет години. Така што, кога виновникот ќе се врати, луѓето веќе ќе го имаат заборавено.

„Мило ми е што од УФЦ прават нешто во врска со тоа. Најважно е да има строги казни. При првата грешка – пет години забрана за настап. Да, тоа ќе одбие многу луѓе. Ќе ги натера да не го прават тоа. За овој период ќе бидат заборавени, и така треба да биде. Ако земаш стероиди, луѓето треба да те заборават. Ако е против правилата, значи не е дозволено. Тоа е измама. Острите казни се најдобриот метод за контрола“.

УФЦ годинава започна со неколку позитивни допинг тестови на врвните борци, што беше голем удар за имиџот на спортот и организацијата како целина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON