На Светското првенство во Санта Сузана – Шпанија, од 03 до 08 ноември, Мери Акиевска од Магнус центарот за фитнес и боречки спортови ги освои стана светски јуниорски велнес шампион и апсолутен шампион во јуниори и светски сениорски велнес шампион и апсолутен шампион во сениори.
Едноставно, се сто можеше да се освои освои.
Претседстелот на Боди билдинг фитнес федерацијата на Македонија Бобан Ѓороски изјави дека ова е 75-тото Светско првенство во бодибилдинг и фитнес, за мажи-жени, јуниори и сениори. Македонија на ова Светско првенство настапи со јуниорите, Мери Акиевска и Петар Богдановски, членови на Магнус фитнес клубот од Скопје, предводени од претседателот на федерацијата, кој имаше улога на официјален судија, делегат и тренер. На натпреварот учествуваа 102 држави од целиот свет и повеќе од 1500 натпреварувачи. Во силна конкуренција, Мери Акиевска постигна неверојатен успех, победувајки во својата категорија до 163 см висина кај јуниорите и сениорите, но успеа да стане и апсолутен победник и во двете категории, победувајки ги шампионите од другите висински категории.
Другиот наш преставник Петар Богдановски кој настапи во категоријата бодибилдинг јуниори над 75 кг не успеа да се пласира во финалето.