Македонската таеквондо федерација (МТФ) доби нов лиценциран интернационален судија, Мери Ацевска.
Ацевска ги заврши сите потребни процедури и се стекна со сертификат за лиценциран интернационален судија во олимписко таеквондо. Семинарот се одржа во Казакстан, а МТФ ги покри сите трошоци.
„Македонската таеквондо федерација од денес официјално е побогата со уште еден интернационален судија. Покрај семејството и пријателите, сакам особено да се заблагодарам на Македонската таеквондо федерација за неизмерната поддршка. Во иднина ќе се трудам да ја оправдам довербата и да го претставам македонското таеквондо на највисоко ниво, како на национално, така и на меѓународно поле“, напиша на Фејсбук Ацевска..