Мерење за УФЦ Фајт најт: Стрикленд – Имавов (ВИДЕО)

Поминаа мерењето во пресрет на настанот УФЦ Фајт најт: Стрикленд – Имамов кој ќе се одржи за 24 часа во Лас Вегас.

Во главната борба во полутешка категорија ќе се борат Насурдин Имавов и Шон Стрикленд. Имавов тежеше 87,99 килограми, а Стрикленд се закова на 92,54 килограми. Така, нивната битка е официјална за гала вечерта.

Во коглавната борба ќе гледаме дуел во перо категорија меѓу Ден Иге и Дејмон Џексон. И двајцата борци беа со иста тежина пред нивниот меч, тежеа по 65,99 килограми.

Сијара Јубенкс се повлече во последен момент. Таа има проблеми со намалувањето на килограмите и се откажа од борбата со Присила Качоеира. По трети пат Јубенкс не успеа во борба поради проблеми со тежината.

Резултати од мерењето:

Главна карта
Насурдин Имавов (194/ 87,99 кг.) – Шон Стрикленд (204/92,53 кг.)
Дан Иге (145,5/ 65,99 кг.) – Дејмон Џексон (145,5/65,99 кг.)
Пунахеле Соријано (185,5/ 84,14 кг.) – Роман Копилов (185/83,91 кг.)
Кетлин Виеира (136/ 61,68 кг.) – Ракел Пенингтон (135,5/61,46 кг.)
Умар Нурмагомедов (135/ 61,23 кг.) – Раони Барселос (135/61,23 кг.)

Прелиминарни
Клаудио Рибеиро (183) – Абдул Разак Алхасан (185,5)
Матеуш Ребеки (155,5) – Ник Фиоре (155)
Џавид Башарат (136) – Матеус Мендонка (134,5)
Алан Насименто (125,5) – Карлос Хернандез (125)
Даниел Аргуета (146) – Ник Агире (145,5)
Чарлс Џонсон (126) – Џими Флик (126)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON