Мераб Двалишвили го освои трет шампионски скалп по ред победувајќи го Хенри Сехудо на УФЦ 298. Победата е десета по ред за Грузиецот. Победата дојде по одлука (29-28, 29-28, 29-28).
Двајцата борци ја започнаа борбата агресивно и ја покажаа желба за победа. Сехудо ги упати почистите удари на почетокот на мечот, а Двалишвили успеа да дојде до првото соборување.
По првичниот притисок од Американецот, Двалишвили почна да ја контролира борбата во втората рунда, барајќи да ја контролира борбата со уште една серија на соборувања. На крајот од втората рунда Грузиецот можеше да му зададе неколку силни колена на поранешниот шампион на УФЦ.
На почетокот на третата рунда Двалишвили изгледаше како посвеж борец. Грузиецот прикажа одлична тактичка борбата. Разликата во значајните погодоци значително се зголеми во корист на Двалишвили.
https://twitter.com/ContentFight/status/1759067592398864839?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1759067592398864839%7Ctwgr%5E98e7cee21405b48fc972f53aab1308095f252220%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fcdn.embedly.com%2Fwidgets%2Fmedia.html%3Ftype%3Dtext2Fhtmlkey%3Dcb7145f1731b4c328f8e4d2201854ceaschema%3Dtwitterurl%3Dhttps3A%2F%2Ftwitter.com%2FContentFight%2Fstatus%2F1759067592398864839image%3D
Merab Dvalishvili is now tied for the longest win streak in UFC bantamweight history with his 9th consecutive win!@MerabDvalishvil | #UFC298 pic.twitter.com/kk5lckrAss
— UFC (@ufc) February 18, 2024