Меѓународна сценаММА
Мераб Двалишвили го одреди датумот за реваншот со Петар Јан

Шампионот на УФЦ во бантам категорија Мераб Двалишвили изјави дека е подготвен да му даде реванш на поранешниот шампион Патар Јан уште во ноември или декември, откако ќе се соочи со Американецот Кори Сандхаген.
„Ако победам, би сакал многу брзо да се вратам во кафезот – уште во декември. Ќе побарам од УФЦ да ми ја направи оваа услуга. Дури би се согласил и на борба во ноември. Мислам дека Јан е вистински кандидат во моментов и ја заслужува оваа шанса. Не сакам да го натерам да чека предолго“, рече Двалишвили во поткастот Фул сенд.
Борбата меѓу Двалишвили и Сандхаген ќе се одржи на 4 октомври на УФЦ 320. Мераб и Јан веќе имаа една борба во која Грузиецот победи со едногласна одлука.



