Франција е екипен шампион во машка конкункренција на Европското првенство во кендо во Скопје, бидејќи во финалето ја победија селекцијата на Полска, иако пружија силен отпор.
Во полуфиналето Франција беше подобра од Белгија, а Полска од Италија.
Македонија во групната фаза доживеа два порази од Шпанија со 3-1 и од Јужна Африка нерешно, но поради освоен поен отидоа понатаму. Сепак, капитенот на нашата репрезентација, Менсур Бојда, го совлада еден од најдобрите натпреварувачи на ЕП од Шпанија, поради што ја доби наградата на денот за борбен дух.
„Ова ретко се случува и е прв пат наш репрезентативец во сениорска конкуренција да биде изберен за боерц со најборбен дух на едно сениорско првенство. Се надеваме и утре дека може да блеснат против најдобрите“, велат од таборот на нашата репрезентација.
Ipon.mk/В. Д.