Менaџерот на Нурмагомедов објави кои борби може да ги прифати Орелот

Вестите кои беа објавени во вторникот, кога претседателот на УФЦ, Дана Вајт, изјави дека Тони Фергусон и Кевин Ли ќе се борат за привремената титула на УФЦ 216 во лесна категорија, ги зачудија многумина,по што се прашуваа што се случи со предизвикувачот Хабиб Нурмагомедов.

Дана Вајт рече дека „Орелот“ не е подготвен да се врати во кафезот.

Таткото на Нурмагомедов кој е и негов тренер, ја коментира битката за привремената титула меѓу Фергусон и Ли, при што истакна дека УФЦ не сака да чека повеќе од еден месец по УФЦ 216, за да се врати Хабиб во ноември.

Менаџерот на Нурмагомедов Али Абделазиз во средата на Твитер одговори на тврдењата на Ариел Хелвани дека УФЦ подготвува битка меѓу Орелот и Едсон Барбоза.

Хелвани: Што се однесува до она што значи тоа за Нурмагомедов, имаше разговори за битка меѓу него и Барзбоза во декември, но Барбоза се уште не е опоравен од операцијата на рамото.

Абделазиз: Хабиб ќе се бори само за титулата или против Конор, секој треба да престане да сугерира поинакви работи. Ова е единствениот начин на кој ќе влезе во октагонот.

Со овие можности доставени од луѓето на Хабиб, Конор Мек Грегор изјави дека сака да се бори во декември, но ќе биде тешко Нурмагомедов да оправда таков меч и да го промени привремениот шампион во категоријата, кој ќе биде крунисан во октомври.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО