Менаџерот на Усик не е сигурен дали Фјури ќе дојде на мечот: Па, веќе неколку пати ја откажа борбата

Непоразените тешкаши Алексанадр Усик и Тајсон Фјури треба да се борат за апсолутен светски шампион на 18 мај во Саудиска Арабија.

Украинецот на големиот настан во Ријад ќе ги донесе титулите ВБО, ИБФ, ИБО и ВБА, додека Британецот ќе го брани шампионскиот појас на ВБЦ.

Нивната борба првично требаше да се одржи на крајот на декември минатата година, но Фјури побара одложување по неговиот октомвриски меч против Френсис Нгану.

Дуелот беше закажан за февруари, но на две недели пред настанот Фјури се повреди на спаринг меч со хрватскиот борец Агрон Смакиќи.

Кралот на Ромите се здоби со расекотина над окото и повторно побара одложување, а натпреварот веднаш беше договорен за 18 мај во Саудиска Арабија.

Менаџерот на Усик Александар Красјук се уште не е сигурен дали Фјури ќе се појави во рингот на договорениот датум.

„Не знам дали воопшто ќе се одржи првата борба. Фјури веќе неколку пати го откажуваше мечот. Веќе нема ни да се шегуваме за тоа. Ако треба да направиме нешто друго за да се појави во рингот против Усик, ќе бидеме подготвени да го направиме тоа“, рече Александар Красјук и додаде:

„Целта на Усик е да ги освои сите појаси во тешка категорија и да стане апсолутен светски шампион. По оваа мисија ќе разгледаме други можности. Ако е реванш, би требало да се случи годинава. Но, знаеме колку е тежок Фјури кога станува збор за реванш. Кој знае како ќе се однесува по поразот од Усик“?

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON