Менаџерот на Френсис открива дека Нгану ќе заработи повеќе на мечот со Фјури отколку во УФЦ кариерата

Фресис Нгану по напуштањето на најголемата светска ММА организација сакаше да добие голем боксерски меч за да докаже дека соништата можат да се остварат.

А токму овие денови беше потврдено дека поранешниот шампион на УФЦ во тешка категорија ќе боксува против шампионот на ВБЦ Тајсон Фјури на 28 октомври на настан во Саудиска Арабија, но појасот нема да биде во прашање.

На почетокот се чинеше дека ќе биде егзибициски меч, но подоцна беше откриено дека борбата е договорена според официјалните боксерски правила, а можен е и нокаут. Засега не се знае за колку рунди е договорена борбата.

Камерунецот ќе го заработи највисокиот хонорар во кариерата, а тоа сликовито го опиша неговиот менаџер Маркел Мартин.

„Вреќата со пари ќе биде толку голема што може да испадне на пат кон банката. Не знам што имаат да кажат сега хејтерите, пак ќе се докаже дека грешат. Ова е хонорар што ќе го промени животот на Нгану, а тоа цело време ни беше во план“ – изјави Маркел Мартин и додаде дека ќе заработи повеќе отколку што би добил на три натпревари според договорот што му го понуди УФЦ:

„Далеку повеќе, ќе заработи навистина добри пари. А како шампион би морал многукратно да се бори за да се доближи до заработка каква што ќе има на мечот против Фјури. Не беше потпишан договор за некаков неповрзан дуел, ќе биде вистинска борба“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MMAFighting.com (@mmafighting)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON