БоксПрофесионален
Менаџерот на Бивол со изјава за трилогијата со Бетербиев

Вадим Корнилов, менаџер на обединетиот светски шампион во полутешка категорија (до 79,4 кг) Дмитри Бивол, увери дека третата борба меѓу неговиот клиент и Артур Бетербиев ќе се одржи.
„Не гледам причина за сомнеж. Како и со претходните две борби, верувам дека третата ќе стане факт.
По реваншот во февруари, по четири големи борби во рок од 14 месеци, на Дмитри му требаше време да се опорави и да се справи со некои проблеми. Дури и тогаш, јавно изјавивме дека нема шанси да се вратиме на рингот пред крајот на годината. Бетербиев во моментов има свои планови, но јас не гледам никаков проблем во тоа“, изјави Корнилов за Ворлд боксинг њуз.



