Хабиб Нурмагомедов нема да игра професионален фудбал. Ова го изјави неговиот менаџер Али Абделазиз.
Легендата на УФЦ, која се повлече непоразена од октагонот по 29 последователни победи во лесна категорија се поврзуваше со рускиот „Легија Динамо“. Клубот е дел од третата дивизија на локалното првенство и дури имаше снимки како „Орелот“ потпишува договор со него.
Според Абделазиз, сепак, тоа не било точно. Агентот на Дагестанецот рече дека тоа се лажни вести. Всушност, тој ја негираше намерата на Хабиб на професионално да се занимава со еден од неговите омилени спортови.
Легија Динамо се наоѓа во Махачкала, што сугерираше дека Нурмагомедов може да стане дел од тимот. Така, од една страна, ќе може да оствари еден од своите соништа играјќи фудбал. А од друга страна, да се промовира клубот и да се помогне финансиски.
„Се обидов да ја потврдам веста за Хабиб контактирајќи со неговиот менаџер Али Абделазиз. Тој рече дека тоа дефинитивно не е точно и ја опиша како целосно лажна вест “, рече Џон Морган од ММА Џанки.