Менаџментот на Оскар де ла Хоја го презема Тодоров, за да му средат меч до Мејведер!

serafim

Сериозна поддршка ќе има Бугаринот Серафим Тодоров во обид да дојде до средба со владетелот на средна категорија и мултимилионер, Флојд Мејведер. Според Меридијан спорт, зад Тодоров застанала промотерската агенција „Голден бој“, која е во сопственост на Оскар де ла Хоја. Врската ја направил менаџерот на трикратниот светски и трикратен европски шампион – Борислав Даскалов.

Како што е познато, самиот Де ла Хоја, кој е олимписки шампион во категоријата до 60 кг од Барселона ’92, имаше меч против Мејведер. На 5 мај 2007 година „МГМ Арена“ во Лас Вегас Флојд победи на поени.

Инаку, од штабот на популарниот Сарафа признаваат дека до средба со Мејведер нема лесно да се дојде. Тодоров максимално се подготвува пред да застане против Американецот, и тоа по втор пат, откако го победи во полуфиналето на Олимписките игри во Атланта во 1996 година. Во недела, талентот од Пештера официјално се враќа на рингот на средба зад затворени врати во Перник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON