Менаџерот на Владимир Кличко, Бернд Боенте, истакна дека неговиот клиент бил близу до тоа да го нокаутира Ентони Џошуа.
Кличко, всушност, не беше далеку од нокаут, откако успеа да го испрати Британецот во нокдаун. Сепак, 41-годишниот поранешен шампион не успеа да го доврши започнатото, а потоа и самиот со технички нокаут.
„Ова беше одличен меч од страна на двајцата“, вели менаџерот и додава: „Мислам дека луѓето во иднина ќе го дефинираат како класика. Дефинитивно, тоа беше еден од најдобрите мечеви во тешка категорија во последните 10-15 години“.
„Владимир во шестата рунда речиси го имаше довршено. Уште еден или два удари ќе беа доволни за да го добие дуелот. Сепак, Џошуа покажа дека може да се соземе, како што претходно го стори тоа Владимир. Треба да го поздравиме Џошуа“, додаде тој.