По две победи за Арбреша Реџепи и Хамза Јашари на Европскиот куп во Романија

На кадетскиот Европкси куп во џудо во Плоешти, Романија, настапија и нашите репрезентативци Арбреша Реџепи, Хамза Јашари, Еди Шерифовски. Реџепи се пласира на 9-тото место, а Јашари извојува две победи во силната конкуренција.

Арбреша Реџепи (-48 кг)во првото коло ја совлада Украинката Анастасија Перехрест со еден ипон спрема еден вазари, потоа и Белорусинката Валијанцина Књушеускаја со ипон, а во третото коло е поразена од Бригита Варга од Унгарија со еден ипон и еден вазари. Во репасажот се сретна со домашната натпреварувачка Александра Паска, од која загуби со ипон и вазари и на карјот го освои 9 место.

Хамза Јашари (-66 кг) го порази со ипон во првото коло од Италијанецот Едоардо Кондро, потоа и Станислав Хуленков од Укарина со ипон и вазари, за во третото да биде совлдан со ипон и 2 вазари од Умалт Демирел од Турција.

Еди Шерифовски (-73 кг) е совладан во првото коло од Адам Кониг од Чешка со ипон и вазари.

На купот учествуваа вкупно 517 натпреварувачи, од кои 335 во машка конкуренција и 182 во женска од 27 земји.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО