Менаџерот на Кличко: Фјури е пред Вајалдер! (ВИДЕО)

menadzerot na Klicko

Менаџерот на Владимир Кличко – Бернд Бонте ги откри долгорочните планови на светскиот шампион во тешка категорија. Првото искушение за Украинецот е на 25 април против непоразениот Американец, Брајант Џенингс. Договорот за средбата е потпишан, а двајцата ривали учествуваа на првата прес-конференција.

„Потоа би сакале да има борба со Тајсон Фјури, а потоа и со Дионтеј Вајлдер“, – објасни германскиот менаџер.

– Во овој момент Шенон Бригс не е на нашиот радар. Нема никаков проблем да се бори со Фјури и во Англија,- вели Бонте, кој го коментираше и често поставуваното прашање до кога ќе боксира Владимир Кличко.

„Последниот противник, Кубрат Пулев, изгледаше фантастично, но, сепак, Владимир изгледаше уште помотивиран. Тој рече дека ќе се бори додека има мотивација и додека е здрав. Подготвен е да го нападне и рекордот на Џо Луис, кој најдолго време беше шампион во тешка категорија, 11 години, 11 месеци и 8 дена. Тоа значи дека Владимир треба да го брани појасот до 31 декември 2017 година“.

http://youtu.be/wQnLMiXyzZQ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON